Општа тепачка на римското дерби - двајца исклучени (ВИДЕО)
Во судиското продолжение, блиску до центарот на теренот во конфликт влегоа дефанзивецот на Рома, матс Хумелс и напаѓачот на Лацио, Валентин Кастељанос. По контактот, двајцата паднаа на требата, а при станувањето, Хумелс го оттурна противничкиот играч на што овој одговори соодветно. Германецот падна на глава, а тоа беше повод играчите на двете екипи, како оние што играа, така и оние од клупата да дотрчаат и да почна тепачка.
Судијата и неговите помошници се обидоа да воспостават ред, но тоа не беше возможно во тепачка со толку учесници. Во ситуацијата се вмеша тренерот на Рома, Клаудио Раниери кој некако успеа да ги оттурне своите фудбалери, а потоа на сцена стапи главниот арбитар.
Тој го исклучи Кастељанос поради тоа што со глава удри противнички играч, како и еден член од стручниот штаб на Рома, а Еван Ндика доби жолт картон.