ПСЖ влегува во голема „була“ - напаѓачот од 95 милиони евра ќе го продава за ситниш!

ПСЖ во 2023 година го доведе Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт за сума од 95 милиони евра, но само 16 месеци подоцна францускиот репрезентативец е на чекор до заминување од Париз.

Тој на 54 натпревари за „светците“ постигна 11 голови и забележа седум асистенции, со што не ги оправда високите очекувања. Клубот е подготвен да го продаде овој месец, при што останува неизвесно дали тоа ќе биде преку позајмица или целосен откуп на договорот. Најсериозен интерес за напаѓачот покажува англиски Тотнем, кој се соочува со проблеми во нападот поради повредата на Ричарлисон и лошата форма на Вернер. Дополнително, интерес за Муани има и од италијанските клубови Милан, Јувентус и Рома.

ПСЖ веројатно нема да успее да поврати ниту половина од средствата вложени во трансферот на Муани. Се очекува напаѓачот да замине за околу 20 милиони евра, што ќе значи загуба од над 70 милиони евра за парискиот клуб.