Верати го предаде тронот: Маркињос е најтрофеен играч во историјата на францускиот фудбал
Истото се однесува и на бразилскиот репрезентативец Маркињос кој од вчера е најтрофеен фудбалер во историјата на оваа земја. Капитенот на ПСЖ сега има вкупно 31 пехар од домашните натпреварувања во Франција од кои девет титули во Лига 1, седум во Купот, шест во Лига купот и девет во Суперкупот.
Со тоа Маркињос го помина својот поранешен соиграч Марко Верати кој си замина од ПСЖ со 30 трофеи и сега игра во катарскиот прволигаш Ал Араби.
Бразилецот е член на ПСЖ од 2013 година и освоен по бројот на трофеи, рекордер е и по бројот на одиграни натпревари во историјата на клубот со 446. Своето конто во двете статистички категории може да го поправи до крајот на сезоната имајќи предвид дека парискиот тим е убедливо на чело на Ла Лига, а тој може да одигра барем уште 20 натпревари.