Во Барселона се свртеа кон слободните играчи - четворица се на радар
Двајца од нив се од Баерн, Јозуа Кимих и Лерој Сане, еден е од Тотенхем, Хјун Мин Сон и еден од Баер Леверкузен, Јонатан Та. Последниот е речиси договорен и неговиот трансфер би требало наскоро да биде потврден од клубот откако двете страни ги усогласија личните услови.
Сепак, тренерот на Барселона, Ханси Флик од управата побарал и еден напаѓач кој ќе може да го замени Роберт Левандовски и во следниот период менаџментот ќе работи на ова прашање.