Јокиќ даде 41 поен со многу скокови, но киксна во клучниот напад за пораз на Денвер (ВИДЕО)

Екипата на Сан Антонио спарс дојде до голема победа во синоќешниот дуел кај Денвер Нагетс (113-110) во драматичен натпревар, кој беше одлучен со грешката на Никола Јокиќ во последните моменти.

Во последниот напад на Денвер, при резултат 111-110 за гостите од Тексас, Јокиќ се обиде да го преземе товарот на тимот. Но, одличната одбрана на Виктор Вембањама го натера на погрешно додавање, што резултираше со контра за Спарс и запечатување на резултатот. Натпреварот започна со добра игра на домашниот тим, но Сан Антонио направи пресврт до полувремето и замина на одмор со предност од 60-52. Денвер успеа да се врати во третата четвртина и со минимална предност влезе во завршниот период. Во неизвесната завршница, играта „кош за кош“ кулминираше со клучниот момент на Јокиќ.

 

 

Вембањама блесна за победничкиот тим со 35 поени и 18 скокови, додека Девин Васел придонесе со 18 поени. На спротивната страна, Јокиќ доминираше со 41 поени, 18 скокови и девет асистенции, а Мајкл Портер Џуниор додаде 22 поени за Денвер.

„Нагетси“ со овој пораз остануваат на петтото место на Западната конференција со скор од 19 победи и 14 порази, додека Сан Антонио се искачи на осмото место со 18 победи и 16 порази.