Винисиус го чека брутална казна откако го нападна нашиот Столе (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор предизвика скандал, откако го нападна македонскиот голман Столе Димитриевски на „Месталја“, а поради тоа би можел да добие брутална казна.

Винисиус го удри Столе, по што судијата ја погледна снимката и му покажа црвен картон, а тоа дополнително го налути Бразилецот кој сакаше да се пресмета и со арбитарот.

Ѕвездата на Реал Мадрид поради овој потег нема да се „спаси“ само со суспензија од натпревари, туку му се заканува поголема санкција.

Според правилата на Фудбалската федерација на Шпанија, Винисиус би можел да добие суспензија до 12 меча.

„Дисциплинскиот правилник на фудбалскиот сојуз, член 104, агресивно однесување на фудбалер се казнува со суспензија од четири до 12 натпревари“, пишуваат шпанските медиуми.