Ливерпул најде замена за Салах - во Вулверхемптон

Мохамед Салах вчера призна дека ја игра последната сезона во Ливерпул, а клубот веќе интензивно работи на неговата замена.

Британските медиуми тврдат дека менаџерот Арне Слот инсистира на местото на Салах да биде ангажиран фудбалерот на Вулверхемптон, Матеус Куња кој сезонава е еден од најдобрите во Премиер лигата. Во Вулверхемптон се свесни дека тешко дека ќе го задржат својот играч, па веќе ја одредија цената за него која изнесува 70 милиони евра.

Оваа сезона во Премиер лигата, Бразилецот одигра 19 натпревари и постигна 10 гола и четири асистенции и е на седмото место на листата на стрелци. Интерес за него покажува и Арсенал и јасно е дека борбата за неговиот потпис ќе биде жестока.