На Винисиус му беше малку што го удри Димитриевски, па тргна да го тепа и - судијата (ВИДЕО)
Бразилецот влезе во клинч со македонскиот голман по еден дуел во кој не доби пенал, па разочаран од исходот наместо само да го оттурне тој го испрати на тревата. Судијата по реакција од ВАР собата реши да го испрати во соблекувалната, со што предизвика уште поголем гнев кај фудбалерот на Реал Мадрид.
Подоцнежните снимки од публиката покажуваат дека Винисиус збеснал во моментот кога доби црвен картон, па дури и сакаше да го тепа судијата, но за среќа беше спречен од член на стручниот штаб, кој буквално со сила го истурка кон соблекувалната за да не направи уште поголема глупост. Шпанските медиуми велат дека за ваква казна би можел да добие суспензија и до 12 натпревари.