Винисиус се извини за скандалозниот напад врз нашиот Димитриевски!
Клучен момент во мечот се случи во 80. минута, кога Винициус Јуниор доби директен црвен картон. Крилниот напаѓач на Реал го удри македонскиот голман Столе Димитриевски, по што мораше да го напушти теренот. Бразилецот по завршувањето на натпреварот се извини за инцидентот и испрати порака на социјалните мрежи.
„Екипо, ви се извинувам и ви благодарам!“.
Реал Мадрид со оваа победа го задржа лидерското место на табелата со 43 бода, два повеќе од второпласираниот Атлетико, кој има натпревар помалку, додека Барселона е на пет бода зад лидерот.