Новиот светски шампион во пикадо има само 17 години (ВИДЕО)

Англичанецот Лук Литлер стана светски шампион во пикадо со победата против Михаел Ван Гервен од Холандија со 7-3.

Литлер и минатата година беше апсолутна сензација во светот на пикадото, но тогаш не го освои трофејот, меѓутоа овој пат доминираше во секој сегмент од мечот против ривалот.

Младиот спортист рано создаде предност од 4-0, по што немаше враќање за Холанѓанецот во оваа средба.

Литлер како нов светски шампион освои и награда од 500.000 фунти, додека поразениот во финалето ќе добие „само“ 200.000 фунти.