„Ѓоковиќ не е подготвен за Австралија Опен, нема шанси да ја освои титулата“

Новак Ѓоковиќ се уште ја чека 100. АТП титула во својата кариера, многумина мислеа дека ќе ја премине границата во Бризбејн, но и по 14 месеци останува без пехар на турнирите.

Следна шанса да го прекине постот ќе биде Австралија Опен кој почнува идната недела, но познатиот француски новинар Беноа Мејлин смета дека Ѓоковиќ нема никакви шанси за 11. трофеј во Мелбурн.

„Јас апсолутно не верувам во триумф на Ѓоковиќ во Мелбурн. Едноставно, нема да биде подготвен, тоа не е возможно. Навистина не гледам како може да добие седум меча во три добиени сета на тврда подлога во овој момент. Плус, ќе биде седми носител (всушност, шести бидејќи Зверев е повреден и нема да игра н.з.) што ќе му ја отежне работата, особено физички“, смета Мејлин.

Минатата година Ѓоковиќ беше елиминиран во полуфиналето од австралискиот Гренд слем од Синер кој подоцна ја освои титулата.