Цел свет го осудува Винисиус, Анчелоти го брани: Не беше за црвен картон
Максималната казна за ова би можела да изнесува четири натпревари и веројатно затоа тренерот на Реал, Карло Анчелоти веднаш се обиде да направи притисок врз дисциплинската комисија. По мечот на Местаља тој изјави дека санкцијата за Винисиус не е реална и дека тој не заслужил да биде исклучен.
„Не е тоа за црвен картон. Реагираше на провокација, требаше двајцата да добијат по жолт картон. Ќе се жалиме на одлуката“, изјави Анчелоти по мечот иако на фотографиите јасно се гледа како Винисиус го удира Димитриевски по лицето.
Најтиражниот шпански спортски весник Марка синоќа веднаш објави текст во кој ги повика Модриќ и Белингам да одржат итен состанок со Винисиус и да се обидат да го смират за да не им ја уништи сезоната.