Алонсо го прекина молкот и откри кој тим ќе го тренира следната сезона

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо ги реши дилемите за неговата иднина, откако кажа дека и во следната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен.

За услугите на Алонсо беа заинтересирани неколку тимови, меѓу кои се Ливерпул и Баерн Минхен, но Шпанецот реши да остане во тимот кој оваа сезона го предводи кон титулата во Бундеслигата.

„Имав добар состанок со управата на Баер Леверкузен и ја известив дека ќе останам во клубот. Имаше многу шпекулации за мојата иднина, но го искористив одморот и донесов одлука. Ова е вистинското место за мене“, кажа Алонсо.