Пораз за Вардар на првата контролка во Анталија

Фудбалерите на Вардар запишаа пораз во првиот натпревар на подготовките за втората фаза од првенството кои тимот ги одработува во Анталија.

Вардарци денеска играа против Септември Софија, а средбата заврши со победа од 1-0 за бугарскиот претставник. Единствениот гол на средбата го постигна Виктор Тејсер.

Ќе потсетиме, Вардар вчера требаше да игра натпревар против Актобе од Казахстан, но тој натпревар се одложи поради лошите временски услови. Во следниот натпревар избраниците на тренерот Гоце Седлоски ќе се соочат со Сабуртало Ибериа од Грузија на 26 јануари.

Фудбалерите на Вардар од Турција се враќаат на 8 февруари, а ќе одиграат натпревари уште со Верес Ривне од Украина, Аквитал Чаквар од Унгарија и Рапид Виена од Австрија.