„Медведев трча како маратонец, ама нема долго да издржи во таков ритам“

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас не најде решение за расположениот Данил Медведев во полуфиналето на Австралијан опен, па ќе мора својата шанса за гренслем-трофеј да си ја чека на друго место.

Циципас по крајот на натпреварот го пофали Медведев, но кажа дека Русинот поради неговиот стил на игра нема да може да игра долго време на врвно ниво.

„Медведев е одличен натпреварувач, трча како маратонец, меѓутоа не сум сигурен дека ќе издржи долго во таков ритам. Зборувам од искуства на други тенисери и шампиони. Таквиот стил влијае на нивното тело, но го почитувам тоа што се труди и се обидува да го освои секој поен“, кажа Циципас.