Каков цар: Сам се удри со раката на противникот и предизвика негово – исклучување (ВИДЕО)

Израелскиот ракомет и не е на некое високо ниво, поради што ретки се информациите кои оттаму ги пренесуваат европските медиуми, но деновиве видео-снимка од натпреварот помеѓу екипите на Хапоел Киријат и Аса Тел Авив (30-33) стана ептен вирална.

Причина за тоа е мангупскиот потег на српскиот интернационалец во домашниот тим, Филип Леовац, со кој предизвика исклучување на противнички ракометар.

Корпулентниот кружен напаѓач ја искористи можноста што судијата беше зад него, па со раката на противникот се удри по лицето за потоа театрално да се повлече држејќи се за лицето. Делителите на правдата наседнаа на ова и го исклучија ракометарот на Аса Тел Авив.