Ракометарките загубија и од Романија на ЕП на плажа

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа уште еден пораз на Европското првенство (ЕП) на плажа, кое се игра во Португалија.

Ракометарките на Златко Мојсоски не можеа да им парираат на противничките од Романија, кои го добија првиот сет со 25-14, а потоа со 15-4 ја потврдија победата.

Најдобра во македонскиот состав беше Ана Марија Божиновска со 12 поени, додека Гулицоска постигна шест.