
Ракометарките против домаќинот Алжир за седмо место на МИ
Во доигрувањето за пласман, Македонија ќе се пресмета со Алжир за освојување на седмото место на Игрите или, за избегнување на последното. Ова стана јасно откако Алжирките загубија вечерва од Тунис со 19-20 и со ист биланс како цревено-жолтите го освоија последното место во групата А.
В понеделник, од 11 часот по македонско време, избраничките на Љубомир Савески ќе имаат шанса за да го попават впечатокот, откако досега загубија од Турција (27-34), од Србија (18-26) и од Португалија (17-19) во фазата по групи.