Падна договор: Манчестер јунајтед за 80 милиони евра ќе ја исполни желбата на Аморим

Според последните информации од Островот, Манчестер јунајтед успеал да го договори трансферот на камерунскиот крилен напаѓач, Брајан Мбуемо.

„Црвените ѓаволи“ со Брентфорд преговараат од почетокот на летото, а сега изгледа конечно пронашле заеднички јазик. Информациите се дека гигантот од „Олд Трафорд“ за Мбуемо ќе плата отштета од 80 милиони евра и тоа е за шест повеќе од износот кој Јунајтед летово го плати за Бразилецот, Матеус Куња.

Мбуемо во Брентфод пристигна од Троа за сума од 6.5 милиони евра во 2019 година и за пет сезони постигна 70 голови и подели 51 асистенција

Тој беше една од најголемите желби на тренерот Аморим од почетокот на летото и сега клубот изгледа ќе му ја исполни.

Фото: Manchester United/X