Го пукале од зад грб: Се појави снимка од нападот на ММА борецот во Русија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Рускиот ММА борец со потекло од Дагестан Тимур Кирзиев поминал низ вистински хорор откако бил погоден од пет куршуми пред неговата зграда во Махачкала, а сега медиумите објавија и видео од нападот.

Инцидентот се случил изминатата ноќ и во нападот учествувале две лица кои пукале веднаш откако тој излегол од возилото.

За среќа според последните информации, Кирзиев се наоѓа надвор од животна опасност.