
Драма во Русија: Нападнат борец од Дагестан - добил пет крушуми!
Според информациите напаѓачите во него испукале пет куршуми. Медиумите пишуват дека пред зградата Кирзиев го чекале две маскирани лица кои веднаш пукале кон него откако излегол од автомобилот.
Борецот бил пренесен во најблиската болница, а имал среќа што ниту една од раните не била длабока, па се наоѓа надвор од животна опасност.
„Извршена му беше операција. Го погодија најмалку пет куршуми. Колку што знам ниту една рана не му нанела посериозна повреда која би го загрозила неговиот живот“, изјави извор близок на Кирзиев за руската новинска агенција „ТАСС“.
Инаку, Кирзиев во овој момент настапува во перолесна категориј во организацијата ПФЛ, претходно беше дел и од Белатор.