Oфицијално: Мициќ го избра новиот клуб, ќе заработи 18 милиони евра

Српскиот кошркар, Василије Мициќ и официјално има нов клуб, а кариеата ќе ја продолжи во редовите на Хапоел Тел Авив.

По сапуницата која траеше неколку месеци, Мициќ го избра Хапоел за своја наредна дестинација во Европа по враќањето од НБА лигата.

Црвена Звезда, Фенербахче, Олимпијакос, Ерусалим, Реал Мадрид...сите се поврзуваа со Мициќ од почетокот на летото.

На крајот тој продолжува кај Димитрис Итудис во проектот зад кој стои успешниот бизнисмен Офер Јанај кој е основач на компанијата „Нофар Енерџи, една од најголемите во светот за производство на соларни корпорации.

Според информациите, Мициќ од договорот потпишан на три години ќе инкасира дури 18 милиони евра.

Фото: Charlotte Hornets/X