Во ПСЖ се подготвува „чистка“: Пред заминување 11 фудбалери

Пари Сен Жермен не успеа да ја потврди фантастичната сезона со трофеј на Светското клупско првенство, па поради тоа според последние најави се подготвува „чистка“ во редовите на францускиот гигант.

Челси со 3-0 славеше во финалето и дојде до трофејот, а по оваа средба во ПСЖ се подготвени да се ослободат од „вишокот“ и да го комплетираат тимот за наредната сезона.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ пренесува дека клубот се откажал од услугите на: Милан Шкрињар, Норди Мукиеле, Карлос Солер, Марко Асенсио и Рандал Коло Муани, сите тие беа на позајмици во изминатата сезона и ниту еден од нив не се докажал за во новата сезона да биде дел од тимот од Париз.

Исто така раководството ги известило: Габриел Москардо, Лукас Ернандез, Лукас Бералдо, Канг-ин Ли и Гонзало Рамош дека можат да бараат нови клубови.

Се споменува и дека не е сигурна иднината на Џанлуџи Донарума. Договорот на голманот истекува на крајот од селдната сезона и засега изгледа дека нема да биде продолжен.

Донарума во претходниот период се поврзуваше со потенцијален трансфер во Челси, Манчестер јунајтед и Манчестер сити.

Фото: PSG/X