Ѕвездата на Челси ги излуде „светците“: ПСЖ планира да го собори светскиот рекорд со Палмер

Пред три дена Кол Палмер го растури ПСЖ во финалето од Светското клупско првенство, носејќи му ја на Челси титулата од ова натпреварување.

Не помина многу време, а францускиот првак почна борба за потписот на репрезентативецот на Англија. Француски медиуми пишуваат дека ПСЖ, наводно, е подготвен да плати 250 милиони евра за еден од најдобрите фудбалери во светот што би бил нов момент во историјата на фудбалот.

Ако тоа се оствари, Палмер ќе го собори рекордот на Нејмар од 2017 година (222 милиона) и ќе стане најскап на сите времиња. Освен тоа, на тој начин ПСЖ ќе ги има трите најголеми трансфери на сите времиња бидејќи во моментов на второто место е Килијан Мбапе за кого клубот плати 180 милиони евра за да го донесе од Монако.