
Шкендија ќе ја наполни касата: Второто квалификациско коло во ЛШ носи и многу пари!
Со самото учество во првото коло од од Лигата на шампионите, Шкендија заработи 300.000 евра, а со пласманот во второто коло македонскиот шампион ќе инкасира уште дополнителни 400.000 евра.
Тоа значи дека тетовци веќе имаат обезбедено 700.000 евра, но добивките нема да завршат тука дури и ако Шкендија биде елиминирана од Стеауа во второто коло..
Во случај на елиминација Шкендија продолжува во третото квалификациско коло од Лига Европа каде што ја чекаат 550.000 евра, а ако таму биде елиминирана ќе се прессели во плеј-офот од Конференциката лига за кој УЕФА исплаќа уште 460.000 евра.
Кога сето ова ќе се собере значи дека Шкендија и да ги загуби сите европски натпревари до крајот на ова лето ќе ја наполни касата за 1.710.000 евра.
Оваа сума не ги вклучува добивките од продадени билети, спонзори и или ТВ права.