
Тотално лудило: Челси добил копија од трофејот, оригиналот останал кај - Трамп!
Контроверзниот бизнисмен, сега во улога на висок политичар, одби да се тргне од победничкиот подиум откако заедно со Џани Инфантино му го предаде трофејот на капитенот на Челси, но тоа не е се од него. Самиот Трамп објави дека на фудбалерите на Челси им дал копија од трофејот, а во Белата куќа останал оригиналот. Пред финалето, Инфантино дошол кај него за да му го покаже оригиналот, но потоа одлучил да го остави таму.
„Ги прашав кога ќе си го земат трофејот и ми рекоа дека тоа нема да се случи. Може засекогаш да остане во мојата канцеларија, а тие прават нов. Еве, уште е тука“, откри Трамп.
Трофејот за светскиот клупски шампион вреди околу 230 илјади долари, репликата е по квалитет слична на оригиналот, а на него има делови од 24-каратно злато. Обичај е шампионот да не го добива трофејот во трајна сопственост, туку тој да се доделува на секој нов првак, но со Челси можеби тоа нема да биде случај бидејќи ионака има копија во своите витрини.