За најважниот потпис во Јунајтед треба да се исполнат два услови

Бруно Фернандеш и оваа сезона е еден од најважните фудбалери на Манчестер јунајтед, а одлично му оди и со Мајкл Керик на клупата.

Португалецот се поврзуваше со клубови од Блискиот исток и се најавуваше дека може да ја промени средината, но тоа не се случи.

Јунајтед со него има договор до 2028 година, понуди сигурно ќе има, а според островските медиуми, дали ќе ја продолжи соработката ќе зависи од два услови.

Прво, дали Манчестер јунајтед ќе се избори за место во Лигата на шампионите нешто што изгледа реално по добрите резултати во последно време, како и дали Керик ќе остане на клупата.

Ако овие два услови бидат исполнети, тогаш за очекување е дека на лето соработката ќе биде продолжена.