Претставен официјалниот постер за Мундијалот (ФОТО)
Како што е познато, Мундијалот за првпат во историјата ќе се игра во три држави, а постерот, според ФИФА, го отсликува духот на соработка, возбудата и единството.
За првпат во историјата на светските првенства, на изработката на официјалниот постер работеа тројца уметници. Карсон Тинг од Канада, Минерва ГМ од Мексико и Хенк Вилис Томас од САД ги здружија своите таленти и уметнички стилови за да создадат дело кое ја прикажува заедничката страст кон фудбалот што го обединува светот.
Светското првенство започнува на 11 јуни, а финалето е закажано за 19 јули.

Фото: EPA