Ашковски конечно летна кон Скопје: Три дена немав ништо јадено!
Видно изморен, максимално измрцварен, исцрпен, фудбалерот не сакаше премногу да збори за тоа што минал, само на кошаркарскиот пријател Стојан Ѓуроски му пренесе дека било страшно и дека три дена немал ништо јадено во периодот кога се обидел да побегне од Иран.
Ашковски во Иран пристигна во јануари и го носеше дресот на Мес Рафсајан меѓутоа за овој тим забележа само три настапи и засега неизвесно поради ситуацијата кога и дали воопшто ќе се врати.
Во авионот покрај Ашковски на пат кон Скопје е и Јасир Асани, „детето на Вардар“ кое подоцна одлучи да ги брани боите на Албанија, тој во овој момент е член на иранскиот Естегал.