Вардар сака да ѝ се одмазди на Бенфика за поразот во Лисабон (ФОТО)

Македонскиот ракометен гигант Вардар денеска од 20.45 часот ја пречекува Бенфика во петтото коло од Лигата на Европа на ЕХФ и „црвено-црните“ ќе се обидат да му се одмаздат на португалскиот тим за поразот од 35-40 во Лисабон.

Вардар не беше на ниво во првиот меѓусебен натпревар со Бенфика, за што зборуваше и тренерот Иван Чупиќ, но затоа најави дека во реваншот ќе се обидат да го прикажат вистинското лице и да се покажат во подобро светло од Лисабон.

Скопскиот гигант со победа ќе го завери своето место во осминафиналето на Лига Европа, но ќе остане и во трка за четвртфинале во елитното натпреварување на ЕХФ.

Мелсунген е лидер со шест бодови и ќе се соочи против Кристијанштад (два бода) во петтото коло, додека Вардар и Бенфика се на делба на втората позиција со четири поени.

Дуелот меѓу Вардар и Бенфика е закажан за вечерва од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.