Коло на изненадувања во ВМФЛ: Шкендија Арачиново и Охрид загубија, Брегалница освои бод!

Денеска се случија неколку изненадувања во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), откако лидерот Охрид беше шокиран од Осогово со 0-1, додека Шкендија Арачиново во Сингелиќ загуби од Скопје со 1-2, а Брегалница ремизира против Тетекс.

Скопје одигра добро прво полувреме, односно постигна два гола со кои непријатно го изненади домаќинот Шкендија Арачиново .

Фудбалерите на домашниот тим се обидуваа во вториот дел да ја анулираат негативата, но постигнаа само еден гол и загубија со 1-2 пред својата публика во Сингелиќ.

Лидерот Охрид пристигна во Кочани со надеж дека ќе додаде три бодови на своето конто, но Осогово во 42. минута преку Стојанче Велинов погоди за важна победа (1-0).

Брегалница не успеа да ги искористи киксовите на ривалите во борбата за пласман во повисок ранг, откако ремизира против Тетекс (0-0).

Охрид останува лидер со 40 бодови, по што следи Шкендија Арачиново со 39, па Скопје со 38, Брегалница има 37, Новаци 36, Детонит Плчаковица 35.

ВМФЛ - 28. коло - резултати:

Кожуф – Каменица Саса 2-2

Осогово – Охрид 1-0

Шкендија Арачиново – Скопје 1-2

Слога Виница – Детонит Плачковица 0-4

Тетекс – Брегалница 0-0

Вардар Неготино – Новаци 1-2

Победа – Преспа 1-5