Драма на турнир во Дубаи: Тенисери бегаа за да спасат жива глава (ВИДЕО)

Драматични сцени беа забележани за време на тениски турнир во Обединетите Арапски Емирати, откако се слушна силна експлозија, па спортистите и останатите лица мораа да бегаат за да спасат жива глава.

Блискиот Исток веќе неколку дена е претворен во воено поле по нападите меѓу САД, Израел и Иран, а паѓаат ракети и во останатите земји во регионот.

По силна експлозија сите од теренот решија да избегаат и да си најдат засолниште, а снимката за краток период стана вирална на социјалните мрежи.