Фудбалското чудо од селото со 1.485 жители испиша историја во Европа

Фудбалерите на Мјалби АИФ испишаа историја и за првпат во клупската историја изборија пласман во лигашка фаза на европско натпреварување.

Шампионот на Шведска одигра 0-0 во реваншот против Линколн (вкупни 3-0) во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а со тоа обезбеди најмалку лигашка фаза во Конференциска лига.

Интересно е тоа што Мјалби АИФ доаѓа од Хелевик, мало село во Шведска со 1.485 жители, а познато е токму по фудбалскиот клуб кој испиша клупска историја.

Според „Трансфермаркт“, Мјалби е проценет на вредност од 25,8 милиони евра и е петти највреден тим во лигата, додека на врвот е Малме.

Фото: Mjällby AIF