Вардар со прекрасен гол на Бабунски води на полувреме во Летонија (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Вардар води со 1-0 против Рига во Летонија во реваншот од второто квалификациско коло од Конференциската лига.

„Црвено-црните“ имаа одлична акција во 17. минута, по што Пулејо испрати центар-шут, а потоа Давид Бабунски со прекрасен удар ја затресе мрежата на ривалот.

Вардар, сепак, во продолжение се соочи со проблеми затоа што дефанзивецот Филип Најдовски беше исклучен поради прекршок врз Мухамед Бадамоси.