Вардар со една промена во почетниот состав на реваншот против Рига (ФОТО)
На местото на повредениот Бобан Николов кој воопшто не се наоѓа во тимот на Вардар, ќе игра аргентинскиот интернационалец Пулеио кој не настапи на дуелот пред една недела. Останатите десетмина се истите кои излегоа против Рига на Градскиот стадион и тие вечерва ќе се обидат да дојдат до резултат што го води Вардар во следната рунда.
Натпреварот во Рига се игра од 19 часот на стадионот Сконто, а според последните информации, температурата изнесува 20 степени Целзиуови.
