Ракометарките ќе ги води селектор кој оствари историски успех во Црна Гора!
Станува збор за поранешен селектор во младинските категории на Црна Гора, а со младинската селекција на оваа земја стигна до шестото место на Европското првенмство во 2023 година и со тој резултат обезбеди пласман на Светскот опрвенство.
Најголемиот успех го направи на Светското првенство оваа година кога репрезентацијата до 20 години во Кина ја предводеше до одличното петто со што го постигна еден од најголемите успеси во женскиот ракомет во Црна Гора.
На клупски план беше прв асистент на Давид Хинеста Монтес во Рапид Букурешт.
Како играч настапуваше на позицијата лево крило и зад себе има богата и успешна кариера, бранејќи ги боите на РК Ловќен, Будуќност Подгорица, Ал-Курине (Кувајт) и унгарскиот Комлои Бањаш.
„Чест и големо задоволство ми е што ја добив довербата да бидам селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Се надевам дека со посветена работа, максимална пожртвуваност и заеднички труд ќе успееме од ден на ден да бидеме се подобри. Пред нас е Европското првенство, а претходно не очекува подготвителен период во кој ќе работиме напорно за да изградиме силен тим. Верувам во добра соработка, добро здравје на сите ракометарки и заеднички успеси со кои достојно ќе ја претставуваме Македонија“, изјави Марковиќ на претставувањето.
Задоволство истакна и првиот човек на Ракометната федерација, Александар Стефанов.
„Со големо задоволство го поздравуваме доаѓањето на Игор Марковиќ на селекторската позиција на женската сениорска репрезентација на Македонија. Станува збор за тренер кој зад себе има богато играчко и тренерско искуство, а неговите резултати и професионален пристап се потврда за неговите квалитети.
Пред нас е исклучително важен период – не очекуваат настапите на Трофеј Македонија, како и подготовките за претстојното Европско првенство. Верувам дека заедно со стручниот штаб и ракометарките ќе изградат силен и конкурентен тим кој достојно ќе ја претставува Македонија на меѓународната сцена.
На Игор Марковиќ му посакувам успешна работа,среќа и заеднички да се радуваме на нови успеси на женската сениорска репрезентација на Македонија“, порача Стефанов.