Бразилско засилување за Тиквеш, Ренетињо ќе игра во Кавадарци

Тиквеш продолжува да го засилува играчкиот кадар за сезоната која веќе започна, нов член на кавадаречкиот клуб е бразилскиот фудбалер Жоао Габриел Фереира Сантос - Ренетињо.

Станува збор за 21-годишен десен бек, кој важи за играч со солидни технички способности и во клубот очекуваат да донесе квалитет.

„Млад, технички квалитетен и гладен за успех, тој доаѓа во Кавадарци за да биде дел од новото поглавје на ГФК Тиквеш. Веруваме дека со својата енергија, талент и посветеност ќе придонесе за успесите што ги градиме заедно“, соопшти Тиквеш.

Кавадарчани во новата сезона влегоа на одличен начин, откако во премиерното коло убедливо го совладаа Арсими со 5-1 на домашен терен.