Човек од збор: Кукуреља почна со исполнувањето на лудото ветување (ВИДЕО)

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља одлучи да го исполни ветувањето дадено пред Светското првенство и да го истетовира ликот на селекторот Луис Де Ла Фуенте на своето тело.

Кукуреља претходно тогаш порача дека, доколку „Црвената фурија“ го освои трофејот, ќе го истетовира лицето на селекторот. По последниот судиски свиреж и големото славје на Шпанците, повеќе немаше простор за отстапување од ветувањето.

Само една недела по големиот триумф, Кукуреља и тргна во исполнување на своето ветување. Во својот дом ги пречека претставниците на познатото студио „Ганга“, кое е познато по хиперреалистичните тетоважи што ги изработува реномираниот шпански уметник Хоакин Ганга, со цел да го подготват дизајнот.

Засега не е познато на кој дел од телото на фудбалерот на Реал Мадрид ќе биде ликот на шпанскиот селектор.