Кадетите отпатуваа на Европско првенство во Белград!
Македонските надежи од денеска се во Србија, а во наредните денови ќе се соочат со врсниците од континентот во обид да изборат колку што е можно подобар пласман.
Во нашата група се уште и селекциите на Словенија, Франција и Шведска.
Првенството го почнуваме утре против Словенија, следниот ден играме со Франција, а на 1. август против Шведска. Сите три меча ќе ги почнеме од 12 часот.
Натпреварите ќе може да ги гледате низ пренос на Арена Спорт Македонија.
Победниците од шестте групи одат во следната фаза како и две од најдобрите шест второпласирани селекции.