„Во пораз и победа, за љубовта наша голема“ - Вардар почна емотивен серијал со навивачите! (ВИДЕО)

Ракометниот клуб Вардар почна нов емотивен серијал кој ќе го носи името „Љубов наша голема“ и ќе биде посветен на најверните навивачи на „црвено-вцрните“.

Преку овој серијал клубот сака да ги претстави своите навивачи кои ќе имаат можност да ги споделат нивните спомени и емоции од натпреварите на актуелниот шампион.

Прв кој ја имаше таа чест е Александар Узуновски – Узун.

„Вардар е наш заеднички, клуб кој заедно го градиме, приказна која заедно ја пишуваме, затоа сметаме дека во пресрет на сезоната во која не очекуваат многу битки е важно да се слушнат приказните и ставот на оние кои секогаш и безрезервно ни ја дават својата поддршка.

Во пораз и победа, за љубовта наша голема!“, стои во пораката со видеото.