Срцепарателно: Пеп со својот развод ги мотивирал фудбалерите на Сити!

Пеп Гвардиола ја искористил приказната за разводот со сопругата Кристина Сера за дополнително да ги мотивира фудбалерите на Манчестер сити во натпреварот против Јувентус пред две години.

Шпанскиот стратег пред неколку месеци го напушти Манчестер сити по девет години, а додека беше тренер на „граѓаните“, се раздели и од сопругата Кристина.

Во новиот документарец на „Прајм видео“, „Прекрасна опсесија“, кој ги следи последните две години на Гвардиола на чело на тимот, е објавена снимка од разговорот на Пеп со своите фудбалери. Во неа се зборува и за неговиот развод, за кој Гвардиола прво ги информирал играчите, пред веста да стигне до медиумите.

„Луѓе, сакам нешто да ви признаам. Се разведувам од најубавата жена на оваа планета. Од мојата сопруга. Од мојата поранешна сопруга. Неизмерно ја сакам! Но ја изгубивме страста. Од многу причини, ја изгубивме страста. Ја сакам? Да, апсолутно. Дали таа ме сака мене? Да. Но ја изгубивме страста“, им рекол Гвардиола на играчите на Сити во соблекувалната на стадионот „Алијанц“, за време на натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите.

Тој се обидел да ја поврзе својата ситуација со случувањата во фудбалот и да го промени моментумот на тимот, кој во тој период немаше добри резултати.

„Како играте фудбал? Само затоа што играте или затоа што имате нешто во себе? Каде е страста? Во животот, што и да правите, правете го со страст. Не сакам добри играчи. Сакам играчи со страст“, додал шпанскиот стратег.

Maнчестер сити тој натпревар во Торино го загуби со 2-0.

Фото: Manchester City/X