Синер уште проблеми, ќе паузира подолго отколку што се мислеше?

Најдобриот тенисер во светот во моментов, Јаник Синер, би можел да го пропушти претстојниот Ју-Ес Опен, објавува италијанска „Газета“.

Италијанецот нема стапнато на терен уште од 12 јули, кога го подигна трофејот на Вимблдон, но потоа поради повреда на коленото мораше да паузира. Отсуството сега би можело да трае повеќе од два месеци.

Синер моментално е во Торино, каде што започна со тренинзи, но 25-годишниот тенисер дури по новите лекарски прегледи ќе донесе одлука дали ќе настапи на последниот грен-слем во годината, кој го освои во 2024 година.

Овогодинешното издание на Ју-Ес Опен ќе се одржи од 30 август до 13 септември во Њујорк.

Фото: Jannik Sinner/FB