Не е само Баркола: Ливерпул за 220 милиони евра може да купи двајца играчи на ПСЖ
Мбаје има 18 години, висок е 175 сантиметри и игра на позицијата десно крило, а во првиот тим на Пари Сен Жермен беше приклучен во сезоната 2024/25, откако претходно настапуваше за младинските категории на европскиот и француски шампион.
Минатата сезона се наметна како редовен првотимец и одигра 29 натпревари, главно влегувајќи од клупата, постигна три гола и запиша две асистенции.
Сенегалецот сега наводно ги договорил деталите за петгодишниот договор со Ливерпул, кој бара засилувања на крилните позиции по заминувањето на Мохамед Салах.
Сепак, Мбаје не е единствениот фудбалер на ПСЖ кој е интересен за „црвените“. Ливерпул подолго време е заинтересиран и за францускиот репрезентативец Бредли Баркола.
Сепак, потешкиот дел од работата допрва му претстои на клубот од „Енфилд“, Пари Сен Жермен бара 145 милиони фунти за Баркола и уште 50 милиони фунти за Мбаје. Во евра, францускиот шампион го проценува тандемот на дури 227,9 милиони евра, па останува да се види дали договор ќе биде постигнат.
Фото: Liverpool FC/FB