Почнува ракометниот турнир „Крсте Андоновски“, Охрид го брани трофејот!
На турнирот ќе настапат осум екипи поделени во две групи, Охрид и Вардар се единствените македонски претставници. Охриѓани го бранат трофејот.
Во групата А се Охрид, Египет У20, Војводина и Загреб.
Во групата Б се Вардар, Олимпијакос, Нексе и Тимо Требње.
Четири дена се игра групна фаза, а петтиот ден е наменет за натпревари за пласман. Победниците од групите играат во финале.
Натпреварите од турнирот „Крсте Андоновски“ ќе може да ги следите на програмата на Арена Спорт Македонија.
Распоредот на натпревари:
Вторник 18 август
16:30 Вардар – Олимпијакос
18:45 Охрид – Египет У20
21:00 Војводина – Загреб
Среда 19 август
16:30 Загреб – Египет У20
18:45 Охрид – Војводина
21:00 Нексе – Тимо Требње
Четврток 20 август
16:30 Војводина – Египет У20
18:45 Олимпијакос – Тимо Требње
21:00 Вардар – Нексе
Петок 21 август
16:30 Нексе – Олимпијакос
18:45 Вардар – Тимо Требње
21:00 Охрид – Загреб
Сабота 22 август
Финален ден