Мареска има најлошо деби во Сити во последните 120 години!

Пеп Гвардиола на крајот на минатата сезона го напушти Манчестер сити по девет години, а него го наследи Енцо Мареска кој немаше најдобар почеток на клупата на „сините“.

Мареска во првиот официјален натпревар претрпе тежок пораз од Арсенал со 3-0 во битката за трофејот во Комјунити Шилд.

Избраниците на Микел Артета издоминираа во овој дуел од почетокот до крајот и заслужено се радуваа на победата. Статистичарите на Островот сега забележија дека поразот од 3-0 е најлошиот кој го претрпел еден тренер на Манчестер сити на своето деби од 1906 година.

Така нема дилеми, дека Мареска го чека напорна работа, ако сака да ги продолжи успесите кои зад себе ги остави Гвардиола.

Фото: Manchester City/FB