Неверојатна сцена: Претседателот на Динамо влета во соблекувална со полна вреќа пари (ВИДЕО)

Првиот човек на Динамо од Тирана, Ардиан Барди направи интересен потег по триумфот над Ауда (4-1) во Конференциската лига. Тој влезе во соблекувалната со полна вреќа пари и им кажа на фудбалерите дека ќе добијат уште половина милион евра ако се пласираат во групната фаза на Конференциската лига.

Претседателот на албанскиот клуб реши да им даде мотив повеќе на неговите фудбалери пред двомечот со Пафос во плејофот од елитното натпреварување на УЕФА.

Првиот натпревар меѓу Динамо и Пафос се игра в четврток во Тирана.