Австрија без НБА-ѕвездата, но со најдобриот стрелец против Македонија!

Македонската кошаркарска репрезентација на 30 август ќе се соочи против Австрија во Виена во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029, а селекторот на ривалот, Арамис Наглиќ го објави списокот со 13 кошаркари.

Австрија ќе биде предводена од најдобриот стрелец во квалификациите за Светското првенство (СП) 2027, Богиќ Вујошевиќ, кој во просек постигнвуаше по 19,8 поени.

Противникот на Македонија, сепак, не може да смета на НБА-ѕвездата Јакоб Пелтл, кој не доби дозвола за настап од Торонто Репрторс.

Во составот на Австрија се Ерол Ершек, Даниел Фридрих, Јакоб Лор, Даниел Кепел, Старлин Иноа Гил, Елвир Јакуповиќ, Флоријан Кепел, Нордин Капиќ, Нико Железник, Тимо Ланмилер, Богиќ Вујошевиќ, Рашан Мбемба и Нордин Кабер.

Натпреварот меѓу Австрија и Македонија се игра на 30 август од 16.05 часот во Виена во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Фото: Facebook/Basketball Austria