Веќе нема никакви дилеми, решена е иднината на Алварез!
Аргентинскиот напаѓач беше во центарот на вниманието поради најавите за негово можно заминување од Мадрид. Алварез и самиот во текот на Светското првенство изрази желба да ја промени средината, сепак сега е јасно дека тоа нема да се случи.
„Кога сопственикот на клубот ќе излезе со таков цврст став, ситуацијата е јасна. Алварез ќе остане и во тоа нема сомнеж“, истакна Симеоне.
За натпреварот со Малага смета дека на Алварез му недостасуваат тренинзи и нема да биде подготвен.
„Јас се занимавам со спортскиот дел. Разговаравме како и секогаш. Мислам дека сè уште малку му недостига за во недела да биде на највисоко ниво. Потребни му се уште тренинзи“, изјави Симеоне.
Аргентинецот имаше само пофални зборови за својот најдобар играч.
„Тој е најдобриот играч што го имаме и ќе се обидеме да изградиме тим околу него, имајќи го предвид неговиот квалитет“, порача аргентинскиот стратег.
Така јасно е дека Барселона барем ова лето нема да го доведе Алварез кој беше една од нивните најголеми желби.