Пелистер ќе ја пречека Брера во Кавадарци зашто се обновува тревникот во Битола!

Македонскиот второлигаш Пелистер соопшти дека натпреварот од второто коло против Брера Струмица ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци.

Поради тоа што е планирано обновување на тревникот на стадионот „Петар Милошевски, Пелистер донесе одлука да биде „домаќин“ на друго место.

„Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот од 2. коло против екипата на Брера ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци.

Поради активностите за обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, а во консултација со ЈП „Комуналец“ – Битола и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесена е одлука натпреварот да се одигра во Кавадарци.

ФК Пелистер им се заблагодарува на сите инволвирани страни за разбирањето и соработката, со цел обезбедување на најдобри услови за одигрување на натпреварот.

Влезот за сите посетители ќе биде СЛОБОДЕН“, соопшти Пелистер.

Пелистер на стартот на Втората лига ремизира против Камјани (1-1), додека Брера славеше со 2-0 против Еуромилк. 

Фото: ФК Пелистер/Facebook