Шок за Реал Мадрид и Бразил: Родриго скинал лигаменти!

Лоши вести пристигнаа за Реал Мадрид, но и за бразилската репрезентација, Родриго го чека долга пауза.

Имено по натпреварот со Хетафе кој Реал вчера го загуби со 0-1, Родриго почувствувал болка во коленото, а прегледите покажаа дека станува збор за кинење на лигаментите, што значи повеќемесечна пауза од терените.

Информацијата по објавувањето на шпанските медиуми ја потврди и Реал Мадрид кој не откри колку ќе паузира Родриго, меѓутоа во вакви ситуации фудбалерите ги чека пауза од најмалку шест-седум месеци. Тоа значи дека Родриго ќе го пропушти и Мундијалот во САД ова лето, а на терените ќе се врати во текот на наредната сезона.